
Ѓорѓиевски доби поддршка од КК „Ангели“ – тимот му врачи дрес пред натпреварот
Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска пред почетокот на натпреварот во прволигашкиот кошаркарски клуб КК „Ангели“ беше изненаден со подарок – дрес од тимот, како знак на поддршка за неговата кандидатура за претстојните локални избори.

„Од срце ви благодарам за овој прекрасен и искрен гест! Вашата енергија, тимски дух и борбеност се инспирација за сите нас“, порача Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека се надева дека клубот и понатаму ќе биде воден од страста, волјата за победа и вербата во успехот. „Напред, шампиони!“, порача кандидатот.