Македонија против Белгија: Вечерва се игра судбинскиот меч
Македонската фудбалска репрезентација вечерва се соочува со Белгија во критичен натпревар кој може да значи пласман на Светското првенство. Дуелот се игра во Гент со почеток во 20:45 часот и ќе се пренесува на МРТ.
Целата земја е зад своите играчи, со надеж и верба дека оваа генерација може да создаде историја. „Белгија е екстра квалитетна селекција и игра на домашен терен, но ретко која македонска генерација имала шанса да игра меч со вакво значење. Играчите мора да влезат на теренот со позитивна мисла и максимална верба дека можеме да оствариме голем резултат“, изјавија од Фудбалската федерација.
Македонските фудбалери се подготвени да дадат сè од себе, да се борат до последната капка пот и да покажат дека Македонија има квалитет за големи натпреварувања.
„Среќно на нашата репрезентација – нека натпреварот биде победнички и историски!“, порачаа навивачите, мотивирајќи ја селекцијата пред вечерашниот дуел.




