
Сомнителен куфер пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ – се евакуираат неколку згради
Сомнителен куфер кој бил оставен на плоштадот ВМРО каде што се наоѓа и зградата на ВМРО-ДПМНЕ предизвика евакуација на целиот дел. Информацијата за Press24 ја потврди МВР
Денеска (08.10.2025) во 12.55 часот лице од обезбедувањето на ЈП „Државни патишта“ пријавило дека на видео надзор пред канцелариите на ЈП „Државни патишта“ на плоштадот „ВМРО“ во Скопје биле забележани две лица како го разгледуваат местото, а едно од лицата оставило куфер. Полициски службеници се упатени на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од МВР
Вработените во околните згради во моментов се наоѓаат надвор а полициски екипи работат на случајот.