
Дебата или бегство: Меџити јавно го предизвикува Османи
Кандидатот на ВЛЕН за општина Чаир, Изет Меџити, јавно го повика својот противкандидат од ДУИ, Бујар Османи, на отворен телевизиски дуел, обвинувајќи го дека бега од директно соочување.
„Јавно го повикав, а тој избегна. Нема врска, добро е што се охрабрил. Го повикувам Бујар Османи на дуел. Не прави театар! Сам избери место и време, јас ќе бидам таму!“, напиша Меџити.
Тој го обвини Османи за дволичност и страв од транспарентен дијалог, нагласувајќи дека „говори за храброст и отвореност, а бега од јавна дебата“.
„Господинот Османи добро знае дека не зборува вистина, затоа го повикувам јавно да се соочиме каде сака, на кој било телевизиски канал,“ додаде Меџити.
Според кандидатот на ВЛЕН, Османи се обидува да игра „политички актер“ за да ги прикрие неуспесите на владеењето на ДУИ, но овојпат, како што вели, „граѓаните јасно гледаат кој избегнува вистинско соочување.“