
Коњановски во интервју за ТВ Тера најави големи инфраструктурни проекти и безбедносни подобрувања за Битола
Кандидатот за градоначалник на Општина Битола од ВМРО-ДПМНЕТони Коњановски, во гостување на ТВ Тера ги претстави клучните приоритети за следниот четиригодишен мандат, со акцент на уредување на коритото на реката Драгор, подобрување на сообраќајната инфраструктура и јакнење на јавната безбедност.
„Битола заслужува современ градски лик — безбеден сообраќај, уредени мостови и чист, прооден кеј на Драгор за сите граѓани,“ изјави Коњановски.
Во делот на урбанизмот и животната средина, тој најави уредување на Драгор „со нови пешачки и велосипедски патеки и реконструкција на мостовите, за целосно поврзување на квартовите и повеќе јавен простор покрај реката.“
Паралелно, најави и инфраструктурни зафати на влезовите во градот за побезбедно и пофункционално движење, како и унапредување на јавните служби, меѓу кои и противпожарната служба, „за брза и ефикасна реакција во кризни ситуации.“
„Ќе инвестираме таму каде што ефектот се чувствува веднаш — на улиците, мостовите и зелените површини. Тоа е нашата мерлива обврска кон Битола,“ додаде Коњановски.
Локалните избори се закажани за октомври, а кампањата во Битола ќе продолжи со претставување на поединечни капитални проекти и временски рамки за нивна реализација, најави кандидатот.