Тоневски најави зелена офанзива – субвенции за топлинска изолација и пониски сметки

Македонија, Политика

Кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави нова мерка во рамки на својот план за поодржлива и модерна општина – субвенции за изградба на енергетски ефикасни фасади на објектите за колективно домување.

„Ова не е само фасада – ова е инвестиција во нашата иднина, во почист и поубав Пробиштип,“ истакна Тоневски, нагласувајќи дека целта е намалување на потрошувачката на енергија и создавање позелена заедница.

Според него, проектот ќе донесе повеќекратни придобивки: пониски сметки за струја и греење, подобра топлинска изолација и повисока вредност на зградите.

 

„Продолжуваме заедно – чекор по чекор, кон модерна и енергетски ефикасна општина,“ порача Тоневски, додавајќи дека оваа мерка е дел од поширокиот план за одржлив развој на Пробиштип.

Видеото може да го погледнете тука