Министерката Димитриеска-Кочоска најави нова ера во дигиталните плаќања

ЕКОНОМИЈА / ФИНАНСИИ

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, објави дека од денеска граѓаните и бизнисите во Македонија ќе можат да ги користат придобивките од приклучувањето кон СЕПА регионот (Единствената зона за плаќања во евра).

Со ова, трансакциите кон земјите од Европската Унија и пошироко ќе станат поевтини, побрзи и поедноставни, исто како во земјите-членки на ЕУ.

„Ова е голема вест за сите – граѓаните, компаниите и инвеститорите. Заедно со Народната банка обезбедивме пониски трошоци и поедноставен процес за трансфери кон 36 земји од Европа“, изјави Димитриеска-Кочоска.

 

Таа нагласи дека оваа реформа е дел од пошироките напори на Владата да го унапреди финансискиот систем и да ги приближи македонските стандарди кон европските.

„Остануваме посветени на реформите кои носат напредок за сите“, порача министерката за финансии.