
(Фото) Младиот човек кој беше пронајден мртов во Љубљана е Стојче Ѓоргиев
Младиот човек, кој во петокот беше пронајден мртов во Љубљана е Стојче Ѓоргиев од кочанското село Грдовци. МНР денеска потврди дека станува збор за македонски државјанин роден 1986 година во Кочани.
Неофицијално, како што претходно соопштија словенечките власти, тој бил претепан до смрт.
Истрагата е во тек, заради што и не соопштуваат други детали.