
Касами своите граѓани ќе ги вози гратис – Јавниот превоз во Тетово ќе биде бесплатен за сите!
Градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, најави дека во текот на неговиот втор мандат, јавниот превоз во Тетово ќе биде целосно бесплатен за сите граѓани, објави 4NEWS.mk
Тој нагласи дека овој чекор ќе се спроведе без финансиски товар на граѓанинот, додека целта е Тетово да стане модерен и достапен град за сите.
„Го правиме јавниот превоз целосно бесплатен за граѓаните, претворајќи го во вистинска јавна услуга, во служба на градот и животната средина“, рече Касами, додавајќи дека оваа мерка е дел од програмата „Еден глас за Тетово“, објави 4NEWS.mk