Проданоски: Ќе ја вратиме славата на Марковите Кули и ќе ја зголемиме туристичката вредност на градот

Македонија, Политика

Марковите Кули, еден од најпрепознатливите симболи на Прилеп, ќе добијат современо осветлување и нов изглед што ќе ја истакне нивната историска и природна вредност – најави кандидатот за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски, презентирајќи ја својата програма.

Тој објасни дека проектот предвидува целосна реконструкција на пристапните патишта и поставување уметничка илуминација која ќе биде изведена во согласност со заштитниот статус на локалитетот.

– Од 2006 година, Маркови Кули и околниот предел се под заштита како споменик на природата со исклучителни вредности. Со внимателно осмислени интервенции и паметни вложувања, може значително да се унапреди вредноста на локалитетот и туристичката понуда на градот – изјави Проданоски.

 

Тој додаде дека обновеното осветлување ќе биде дел од пошироката стратегија за развој на Прилеп како „Сејф Сити“, со поставување систем за видео надзор и заштита на природното и културното наследство.

– Нашата цел е Марковите Кули не само да блеснат во ново светло, туку и да станат симбол на современ туристички Прилеп – порача Проданоски.