Богојески: ЛГБ десничари – апсолутно ДА!

Македонија, Политика

Петар Богојески, претседател на Македонски концепт, истакна дека сексуалната ориентација не ја одредува идеолошката припадност и дека ЛГБ луѓето можат да бидат и десничари.

„Да се биде ЛГБ и десничар не е ерес, туку доказ за независен ум и слобода од манипулации на левицата,“ изјави Богојески. Тој потенцира дека припадниците на ЛГБ заедницата не се должни да гласаат или да се идентификуваат со левичарски движења, туку можат да имаат свои конзервативни ставови за нација, семејство, економија и култура.

Богојески додаде дека современата десница е простор за различност, каде ЛГБ луѓето можат да бидат прифатени како нормални граѓани со право на свој светоглед, без притисок или стереотипи. „Вистинскиот прогрес е кога секој ќе биде прифатен според своите вредности, а не како алатка на идеологија,“ заклучи тој.

https://www.facebook.com/share/p/16PCLVtTtu/?mibextid=wwXIfr