Проданоски се сретна со такси превозниците: Решенија за поквалитетен превоз во Прилеп

Македонија, Политика

Кандидатот за градоначалник на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денес оствари средба со такси превозниците од градот, при што ги слушна нивните предлози, забелешки и критики за подобрување на услугите.

„Таксистите се важен дел од урбаното функционирање на градот. Разговаравме за конкретни решенија со кои ќе се подобрат условите за нивната работа и услугите што ги нудат на нашите сограѓани,“ истакна Проданоски.

Тој нагласи дека има јасен план и визија за уреден, модерен и достапен превоз, кој ќе обезбеди побезбедни, поефикасни и поквалитетни услуги за сите жители на Прилеп.