
Штипската Калифа ги фрли потпетиците и зеде пиперки – ајварот никогаш не бил пожежок! (видео)
Кој вели дека гламурот и дрвената лажица не одат заедно? Моника Станојкова, широко позната како штипската Миа Калифа, уште еднаш успеа да нè изненади – овојпат не со некое ново модно парче, туку со престилка, тегли и … ајвар.
Да, добро прочитавте. Моника, која до вчера ја поврзувавме со инстаграм филтри и високи потпетици, денес со гордост меша црвена пиперка како да се подготвува за кулинарски натпревар на „TLC“. Со дрвена лажица во рака и насмевка на лице, таа во видеото објавено на социјалните мрежи порача:
-Не е сè во фенси ресторани, мора некогаш и ајвар да се меша.
Фановите, нормално, беа воодушевени, а коментарите вриеја од поддршка: „Браво, Моника!“, „Вака се сака!“ … „Дај рецепт, не селфи!“
Мора да признаеме, ваква доза на скромност од некој што знае да владее со социјалните мрежи е несекојдневна. И да, ова нека биде ова потсетник дека вистинската вредност не секогаш блеска под рефлектори – понекогаш таа мириса на печена пиперка, се меша со љубов и се споделува без филтри. Браво за Моника, но и за храброста да биде своја, за скромноста која плени повеќе од било каков гламур, и за потсетникот дека убавината навистина почнува дома.
@stanojkovastar #fyppppppppppppppppppppppp #serbia #macedonia #stanojkovastar #foryoupage ♬ original sound – Ivan jucin