
Уапсена скопјанката која ја тепала својата мајка во Гази Баба
Уапсена скопјанката која ја натепа својата мајка во семејниот дом во Гази Баба. Одреден и е притвор.
Како што информираат од МВР, вчера (25.09.2025) Единицата за насилен криминал-Одделение за семејно насилство при СВР Скопје поднесе кривична пријава по итна постапка поради основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2 од КЗ против Д.С.(36) од Скопје, затоа што на 23.09.2025 околу 18:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, физички ја нападнала својата 68-годишна мајка и при тоа и нанела повреда.
Веднаш по добиената пријава, полициските службеници презедоа соодветни мерки и активности, Д.С. е лишена од слобода, а од страна на судија на претходна постапка одредена и е мерка притвор во траење од осум дена, информираа од МВР.