Втор триумф за младите фудбалери – убедливи 4:1 над Косово

Македонија

Фудбалската репрезентација на Македонија до 15 години запиша уште една победа во двомечот со Косово. Избраниците на селекторот Горан Станковски на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ славеа со убедливи 4:1.

Двоен стрелец за македонската селекција беше Алиу, додека Аврамоски и Јанчевски погодија по еднаш за конечниот резултат. Со оваа победа, младите надежи ја заокружија успешната серија против Косово, откако претходно и во Приштина триумфираа со 1:0.

Македонската репрезентација со овие два триумфи ја потврди формата и силата на новата генерација, која успешно ги брани боите на државата.