Европска недела на спортот 2025 – Ристовски го отвори големиот настан во Скопје

Македонија

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска го означи почетокот на Европската недела на спортот 2025 на спортските терени во ОУ „Кочо Рацин“ во Скопје. На настанот присуствуваа ученици, наставници и гости, а министерката порака беше јасна – спортот ги обединува луѓето и промовира здрав живот и вистински вредности.

Ристовски ја истакна важноста на активното учество и спортската култура, а присуството на амбасадорот на Италија, Н.Е. Паоло Палминтери, и на градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, го збогати настанот.

Европската недела на спортот ќе трае од 23 до 30 септември, а програмата вклучува атлетски трки, велосипедски натпревари, тимски спортови, забавна програма и музика во живо, фитнес работилници, активности за деца и семејства, како и награди и изненадувања.

 

Оваа година се слават и 10 години од #BeActive движењето, со цел заеднички да се испрати пораката за здрав и активен живот.