Од вкус до звук: Штипската „Пастрмалијада“ е пример за спектакл што ја слави македонската музика

Дали Знаете, Сцена

Штип одново покажува дека знае како се прави фестивал со душа. Со „Штипската Пастрмалијада 2025“, градот не само што нуди гастрономско уживање, туку и вистински музички спектакл, кој годинава е целосно во знакот на македонската културна сцена.

Иако настапот на балканската ѕвезда Дино Мерлин во финалната вечер е еден од најочекуваните моменти, вреди да се истакне дека целата музичка програма во рамки на фестивалот е исполнета со локални уметници и познати македонски музички имиња.

Преку ваквата програма, Општина Штип испраќа силна порака за поддршка на домашната сцена, овозможувајќи им на македонските уметници видливост, простор и публика каква што заслужуваат.

Настанот почнува утре, 19 септември, со отворање од 12:00 часот, а во текот на фестивалските дена на шеталиштето „Ванчо Прке“ ќе настапат:

Градскиот Камерен Хор „Астибо“ (диригент: Ивана Јанков)

Ученици од ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип

DJ BAZZ

Зоран Илиев

Александар Тодоровски

„No End“

„Tasev“, „B2B“, „Goldie“

И многу детски и културно-уметнички групи од Штип.

Финалната вечер, сабота на 20 септември, ќе биде заокружена со настапите на две големи македонски музички имиња – Елена Ристеска и Владо Јаневски, пред да ја затвори манифестацијата спектакуларниот концерт на Дино Мерлин.

Штипската Пастрмалијада останува не само симбол на традицијата и вкусот, туку и пример за тоа како се негува и поддржува македонската музика и култура. Фестивалот веќе го надминува локалното значење, претворајќи го Штип во центар на есенската културна сцена во Македонија.