
Тони Коњановски продолжува со средби со граѓаните во Битола
Општина Битола денеска продолжува со серијата средби со жителите од урбаните заедници, во рамки на кампањата „Предложи идеја“.
Целта на овие средби е граѓаните директно да ги изнесат своите предлози и иницијативи за подобрување на условите во општината и за креирање поубава и посилна Битола.
„Секој предлог е важен. Заедно ја градиме поубавата и посилна Битола,“ изјави градоначалникот Тони Коњановски, истакнувајќи дека учеството на граѓаните е клучно за развојот на локалната заедница.
Средбите продолжуваат и во наредните денови, со цел да се опфатат сите урбани заедници во општината.
