„Влен“: ДУИ партнер на Левица, за власт ги гази Албанците

Македонија, Политика

Првиот вицепремиер и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, остро ја критикуваше соработката меѓу Демократската унија за интеграција (ДУИ) и Левица, нарекувајќи ја „сојуз на срамот“ и „црна коалиција“ која, како што рече, претставува предавство кон Албанците и евроатлантската ориентација на државата.

„ДУИ единствен партнер на анти-НАТО и анти-ЕУ субјект“

„Соработката меѓу ДУИ и Левица не е новина – таа постои веќе три години во Скопје. Ова ја прави ДУИ единствената партија која соработува со субјект јавно прогласен како анти-НАТО и анти-ЕУ,“ изјави Меџити, додавајќи дека ниту една македонска партија не се осмелила да ги земе Левица за партнер.

Тој нагласи дека ваквата врска е најјасниот показател за, како што ја нарече, „политичката дегенерација на ДУИ“, која е подготвена да ја жртвува европската иднина на земјата заради опстанок на локално ниво.

„Врска базирана на срамни симболи“

Меџити потсети и на случајот кога претставници на ДУИ и Левица заеднички одадоа почит на гробот на албанскиот диктатор Енвер Хоџа, оценувајќи дека тоа е „единствениот елемент на спој со албанскиот корпус“, што според него е срамно и штетно за Македонија.

ВЛЕН за ЕУ, ДУИ за изолација

Според Меџити, коалицијата ВЛЕН во Владата се залага за евроинтеграцијата на Северна Македонија, додека соработката ДУИ–Левица ги отвора вратите за руско влијание и политичка изолација.

„Албанските граѓани ќе ја казнат оваа срамна алијанса на изборите на 19 октомври,“ порача тој