
ЦРНИ ОБЛАЦИ НАДВИСНУВААТ НАД СРБИЈА! Вечерва СЕ СПРЕМА ХАОС, ЌЕ УДИРААТ ГРОМОВИ, СИЛНО НЕВРЕМЕ ДОАЃА НА КАЈ МАКЕДОНИЈА!
Утрината во Србија започна со магла во котлините на југозападниот дел од земјата, додека во текот на денот ќе биде сончево и топло. Сепак, според најавите на Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ), облачност и дожд пристигнуваат уште вечерва, со ветер кој во некои краишта ќе достигне и бујна силина.
Еве што нè очекува во наредните денови и зошто е важно да се биде претпазлив.
Во текот на денот претежно сончево и топло со слаб до умерен јужен и југоисточен ветер. Среде денот и попладне , а навечер и во текот на ноќта и во останатите краишта – наоблачување со дожд и локални поројни врнежи со грмежи. Ветерот ќе се пренасочи кон северозапад и ќе засилува, а во зоната на фронтот и врнежите локално ќе има и краткотрајни удари со бујна јачина.
РХМЗ денеска во цела Србија активира жолт метеоаларм поради две опасни појави: екстремно високи температури и грмежи.
Времето може да биде потенцијално опасно. Прогнозираните метеоролошки појави не се невообичаени, но потребна е претпазливост доколку планирате активности изложени на метеоролошки ризик. Потребно е постојано да се информирате за очекуваните услови. Не преземајте непотребни ризици – стои на сајтот на РХМЗ.
Време во наредните денови
Наредните денови ќе биде променливо, ветровито и посвежо, а од четврток претежно сончево и топло.
Во среда ќе биде променливо облачно со престанок на врнежите, ветровито и посвежо. Ќе дува умерен и силен, а во планинските предели на источна Србија повремено и бујен северозападен ветер.
Веќе од четврток ќе биде претежно сончево – утрата ќе бидат свежи, особено во четврток и петок, а дневните температури во постепен пораст, па за викенд и на почетокот на наредната седмица повторно ќе се очекуваат вредности околу и малку над 30 степени Целзиусови.