Масар Омерагиќ: Битола доби модерен стадион достоен за македонската репрезентација

Спорт

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, изјави дека за рекордно краток период стадионот „Петар Милошевски“ во Битола е претворен во модерен спортски објект, достоен за националната репрезентација.

„Кога зборовите стануваат дела – заедно со општина Битола успеавме да го изградиме стадионот во вистинска гордост на градот и дом на македонската репрезентација. Горд сум на сите што беа дел од овој процес,“ напиша Омерагиќ.

Новиот стадион ќе биде централно место за големи фудбалски натпревари и симбол на спортскиот развој на Битола.

 

Видеото може да го погледнете тука