БОГОЈЕСКИ: ЕНВЕР ОЏА (Димче Апашиев) – дали некогаш работел приватно или само на „државна цицка“?

Колумни, Македонија, Политика

Претседателот на Македонски Концепт, Петар Богојески, на својот Фејсбук профил постави серија прашања и критики поврзани со досегашната кариера на политичарот Димче Апасиев (алијас Енвер Оџа), кој, според Богојески, целосно е зависен од државни ресурси.

Богојески, се прашува дали Апасиев, кој целосно досега се потпира на државниот буџет и партиските привилегии, има било какво искуство и успех надвор од јавната администрација.

Првиот човек на Македонски концепт ги критикува неговите постапки и укажува на контрадикцијата во неговиот јавен дискурс, кога тој ги напаѓа “државните цицки”, додека цел живот ужива во државни бенефиции.

Во продолжение, го цитираме ставот на Петар Богојески:

„ЕНВЕР ОЏА (алијас Димче Апашиев) – дали воопшто има работено нешто приватно во животот, или неговата кариера се сведува исклучиво на „државна цицка“?

Прашањето е сосема логично, бидејќи секојдневно, па дури и здодевно, тој го повторува својот омилен израз „државна цицка“, а притоа ги навикнал и своите „загари“ од партиското дувло да го репродуцираат истиот дискурс.

Димче е цел живот на државен буџет, 20 години високи плати, во СЈО, во штипски факултет, во Собрание…

За разлика од тоа, моето искуство не е еднодимензионално. Работев и работам приватно, имам вложено капитал во приватни компании и паралелно со јавните ангажмани секогаш сум развивал и сопствена дејност.

Затоа е легитимно прашањето: што има сработено Димче во приватниот сектор, надвор од партиските и институционалните привилегии? Неговата биографија сведочи дека целосно бил „на државна цицка“ – најпрво партиски вработен од Грујо во Кочани, потоа форсиран преку бате Саша во СЈО на Катица Јанева, секогаш со поддршка на истата таа мрежа што ја нарекуваме мафија.

Во тој контекст, потребно е да се постави и едно пошироко прашање: дали е етички и политички легитимно човек кој цел живот живее од државни ресурси да ја користи темата „државна цицка“ за дисквалификација на други? Или, можеби, важи онаа народна: „не гледај што правам, слушај што зборувам“?

Зашто, навистина, нема ли место за барем малку срам кај оние што се целосно зависни од државата, а сепак се осмелуваат да прозиваат други? Срамно и жално Димче!“

Целиот статус може да го проследите на овој ” target=”_blank”>линк.