
Неверојатна сцена во ЗОО Скопје: родител му вика на негувател „Понашај се малку покултурно“, додека децата му висат на ограда (ВИДЕО)
Негувателот во ЗОО Скопје, Војо Иванов направи снимка на која се гледа како голем број деца се качени на оградата на едно од живеалиштата на животните и покрај јасните насоки дека тоа не е дозволено. Откако Иванов како вработен во Зоолошката градина Скопје им пристапува и им укажува дека не смеат тоа да го прават, имаше контра реакција од родител, пренесува порталот Скопје1.
„Господо, господо, доле. Доле господо“, рече Иванов, а родител врати: „Полека бе полека“. На реакцијата на Иванов кој рече „Децата ви се горе“, родителот врати: „Ако де што има врска? Да не се внатре?“.
Иванов му врати на родителот „Господо, мора доле да бидете!“, а родителот пак возврати: „Понашај се малку покултурно“. Зоо негувателот на ова му вели „Јас култура, а вие сте на ограда?“, а родителот вели „Ако мое право“.
Под ова виде, иванов напиша „Ризик јак, недела со гостите“.
Извор: Скопје1