
Инцидент со авионот на Урсула фон дер Лајен во Бугарија: GPS сигналот бил блокиран од Русија, објави 4NEWS.mk
Авионот со кој претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера попладне леташе кон Бугарија, останал без ГПС навигација и пилотот морал рачно да слета, користејќи хартиени мапи, објави ДПА, објави 4NEWS.mk
Тројца службеници запознаени со инцидентот изјавиле за „Фајненшл тајмс“ дека постои сомнеж за вмешаност на руски фактор во попречувањето.
„Целата област околу аеродромот остана без ГПС сигнал“, изјави еден од службениците. „Авионот кружеше над Пловдив повеќе од еден час, а потоа пилотот одлучи да слета без електронски помагала, потпирајќи се на аналогни мапи. Очигледно стануваше збор за намерано попречување.“, објави 4NEWS.mk
Бугарската служба за контрола на воздушниот сообраќај го потврди инцидентот. Во соопштението се наведува дека од февруари 2022 година е забележано значително зголемување на случаи на попречување и лажирање на ГПС сигналот, што создава оперативни тешкотии за авионите и земјинските системи.
ГПС блокирањето, кое вообичаено го користат воени и разузнавачки служби за заштита на чувствителни локации, според европските власти, во последниве години Русија сè почесто го користи и за нарушување на цивилниот сообраќај. Експертите предупредуваат дека ваквите напади можат да предизвикаат сериозна воздушна несреќа бидејќи авионот „губи вид на навигацијата“.
Случаите на ГПС блокирање значително се зголемиле во балтичките земји и во Источна Европа, особено во близина на руските граници, објави 4NEWS.mk
Фон дер Лајен пристигна во Бугарија од Варшава за да се сретне со премиерот Росен Желјасков и да ја посети фабриката за муниција, во рамки на турнејата за зајакнување на одбранбената подготвеност на ЕУ поради руската агресија врз Украина.
Бугарија од почетокот на војната е клучен добавувач на воена опрема за Украина, прво со советско оружје, а сега и со модерна артилерија и муниција од домашно производство.
По посетата, претседателката на Европската комисија го напушти Пловдив со истиот авион без нови проблеми, објави 4NEWS.mk