Коњановски: Учениците во Бистрица ќе учат во подобри услови

Македонија

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, на почетокот на новата учебна година го посети ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во село Бистрица, каде што оствари средба со родителите и директорката на училиштето.

Тој информираше дека училницата, која претходно беше предмет на политички шпекулации, е целосно санирана. Родителите, пак, побараа уште две интервенции – промена на дограмата и набавка на клима-уред за училницата. Според Коњановски, овие барања ќе бидат реализирани во најбрз можен рок за учениците да учат во подобри услови.

Во тек е и подготовка на проект за енергетска фасада и нова дограма за целото училиште, а се продолжува и со проектот за изградба на современа спортска сала, со цел учениците да имаат услови за спорт, здрав развој и среќно детство.

 

„Подобрувањето на образовната инфраструктура останува наш врвен приоритет“, порача градоначалникот Коњановски.