Анкета: Меџити води со 13% предност пред Буjар Османи во Чаир

Македонија

Според најновите анкети за јавното мислење, кандидатот на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, е фаворит за функцијата градоначалник на општина Чаир.

Анкетата на агенцијата Market Vision, спроведена на примерок од 1100 граѓани, покажува дека Меџити води со предност од 13,6% пред кандидатот на ДУИ, Буjар Османи.

Оваа предност не само што ја покажува јасната доминација на Меџити, туку укажува и на растечки тренд на поддршка за кандидатот на ВЛЕН.

Слични резултати покажува и анкетата на агенцијата Zhurnal од пред неколку дена, каде што Меџити исто така води во Чаир со над 13% предност.

Извор: 3shi.net