Општина Битола: Споменикот во чест на Александар Турунџев ќе биде откриен на 30 август

Македонија

На 30 август, Битола ќе ја исправи својата историска должност и ќе му подари споменик на Александар Турунџев – комитата чија борба и жртва останаа трајно врежани во колективната меморија.

Церемонијата ќе започне со поворка од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“, преку Плоштадот Магнолија и Мостот кај Безистенот, сè до местото каде ќе биде откриен споменикот. Настанот, според организаторите, нема да биде само оддавање почит на минатото, туку и завет за иднината.

„Турунџев не беше само борец, туку симбол на храброст, жртва и визија. Неговиот споменик не е сенка од историјата, туку светлина за генерациите што доаѓаат“, велат иницијаторите на проектот.

 

Со ова откривање, Битола ќе добие ново обележје на националната историја и потсетник на еден од најзначајните македонски револуционери.