Богојески по крвавиот инцидент во Штип: „Бараме име и презиме на џелатите врз децата, премината е црвената линија!“

Македонија

Тежок инцидент ја потресе македонската јавност што се случи во Штип за време на младинскиот фудбалски натпревар меѓу Брегалница и Шкупи. Според првичните информации, родители на деца од гостинскиот тим влегле на теренот и физички ги нападнале младите домашни играчи. Министерството за внатрешни работи го потврди случајот и соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на настанот, а и ФФМ најостро го осуди инцидентот.

По повод инцидентот, политичарот д-р Петар Богојески, лидер на „Македонски Концепт“, остро реагираше:

„БАРАМЕ уште вечерва, име и презиме на џелатите врз децата во Штип (како гаранција дека нема да бидат сокриени) и дали ОЈО постапува? Дали е веќе доделен притвор и за колку лица?!? Премината е црвената линија!“

И јавноста очекува брза и транспарентна реакција од институциите, со оглед на тоа што станува збор за напад врз деца за време на спортски настан.