Пробиштип добива нови инфраструктурни проекти со поддршка од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија

Во сооштението на ВМРО-ДПМНЕ ОК Пробиштип се вели:

Во периодот што ни следи, Пробиштип ќе биде повторно едно големо градилиште.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира близу 2 милиони евра во инфраструктурни проекти во нашата општина.
Ќе се градат и реконструираат улиците

  • “Брегалничка”,
  • “3-ти Април”,
  • улици во нас.Калниште,
  • ул.”Х.Т.Карпош”,
    -реконструкција на “Ленинов плоштад”.
  • Ќе се реконструира патниот правец Горни Стубол-Долни Стубол, како и патот до с.Кундино.
  • Ќе се уреди делот над рударското игралиште, а Лесново ќе добие нов паркинг простор.

Конечно, после 8 години, ќе започне изградбата на комплетна инфраструктура во блок 7.5 со што ќе се создадат услови за побрз развој на овој дел од градот.

 

Наши сограѓани, ВМРО-ДПМНЕ се грижи подеднакво за сите општини и за сите граѓани.
Со новиот Градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и со силната поддршка од Владата, Пробиштип ќе доживее целосна трансформација и ќе си го врати урбаниот лик.

Приклучете ни се и бидете дел од промените кои веќе започнаа!