
Боки 13: Јас го измислив Лазаров, најдобро му е да си ќути – Ако отворам уста ќе треба да го снема од Македонија (ВИДЕО)
Во драматичен пресврт на јавната сцена, контроверзниот Боки 13 упати сериозни закани кон познатиот македонски јутјубер, Стефан Лазаров.
Во својот последен јавен настап, Боки 13 се закани дека Лазаров „ќе треба да си ќути” или ќе се соочи со последици кои ќе го натераат да ја напушти државата.
„Најдобро му е на Лазаров, кој ЈАС ГО ИЗМИСЛИВ, да си ќути, бидејќи ако ја отворам устата, ќе треба да го снема. Да фати џенем и да се исели од државата,” изјави Боки 13, кој е познат по својата контроверзна реторика.