65 милиони евра за модернизација на Чаир – Меџити откри детали

Македонија

Првите чекори за реализација на два стратешки проекти во Скопје се веќе во подготовка, соопшти Изет Меџити, прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање. Станува збор за изградбата на Кампусот Универзитет „Мајка Тереза“ и подземниот паркинг во Шешир Скандербеу, за кои се обезбедени 65 милиони евра.

„Овие проекти ќе донесат долгорочни придобивки за студентите, граѓаните и економскиот развој на Скопје“, истакна Меџити.

Тој додаде дека денеска се одржал значаен состанок со министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, директорот на Инспекторатот за градежништво и претставници на Општина Чаир, на кој се договорени конкретни чекори за итно започнување на градежните активности.

 

Проектите се дел од стратегијата за модернизација на урбаната и образовната инфраструктура и ја означуваат новата фаза на развој на градот. Меџити потенцира дека, благодарение на координацијата меѓу институциите, реализацијата на овие проекти со национално значење ќе започне многу брзо.

„Ги исполнуваме ветувањата и го претвораме визијата во реалност“, нагласи Меџити.