
НАЈЧЕСКА СЕ ИЗВИНУВА на Богојески, тој не прифаќа
Претседателот на Македонски концепт, Петар Богојески, изрази сериозна загриженост поради неодговорното однесување на Мирјана Најчевска и нејзиното обидување да се извини за инцидентот со точакот. Во својот јавен став, Богојески нагласи дека извинувањето не е прифатено и дека ќе следи судска постапка.
„Извинувањето на Најчевска НЕ СЕ ПРИФАЌА! Постапката ќе продолжи пред надлежен суд!“ – изјави Богојески, додавајќи дека таквото однесување не може да се толерира во општество што се стреми кон морална и правна стабилност.
Во продолжение, Богојески се фокусираше на општествените и воспитните аспекти на проблемот, посочувајќи дека лица кои не покажуваат основно домашно воспитување и нормална општествена социјализација мора да бидат подложени на превоспитување.
„Сите лица, без основно домашно воспитување и нормална општествена социјализација, мора да бидат превоспитани! Во овој момент со актуелно расположливи средства, а во иднина и со останати средства, согласно ЗЗД!“ – изјави Богојески.