
По Жичницата, аларм и за Адреналинскиот парк во Карпош – Дали е безбеден?
Не стивнуваат реакциите за „рускиот рулет“ на Водно – жичницата со месеци превезувала патници во неисправна состојба, а по ова се појави и нов аларм. Овој пат за Адреналинскиот парк во скопски Карпош.
На социјалните мрежи се појавија предупредувања за (не)безбедноста на овој парк кој неретко се користи од млади лица.
– Јажињата на кои се гази треба да се заменат. Исто и даските на кои се ослонуваме, има веќе распукани и не се знае кога на некој ќе му се скрши по нога. Мрежата што е на второто ниво, веќе е крпена. Ова не е луна парк за мали деца, да се разбереме, се наведува во реакција на една жителка која го сподели своето искуство.