
Сиљановска-Давкова: Блокадата на евроинтегративниот пат на Македонија е сериозен безбедносен ризик за Западен Балкан и ЕУ
Блокадата на евроинтеграциите добива димензија и карактер на сериозен безбедносен ризик за регионот на Западен Балкан, но и за ЕУ, оцени денеска претседателката и врховен командант на вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова.
Во обраќањето на Централната свеченост по повод Денот на Армијата, 18 Август Сиљановска-Давкова изјави дека природата на војната рапидно се менува, а галопирачката трка во вооружувањето диктира поголеми инвестиции во одбраната.
Според неа, важноста на самоодржливста никогаш не била поголема.
-Во ова невреме треба час поскоро да почнеме, како што и почнавме, стратешки да ги планираме стредствата и нивната употреба. Надлежните институции треба да размислуваат за долгорочни проекти кои ќе гарантираат самоодржливост и развој на одбраната не само во мирни услови, туку и во амбинет на воена закана и потенцијален конфликт, порача претседателката.