Меџити: Новата учебна година во Чаир започнува со подобри услови

Македонија

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, изјави дека Владата ќе продолжи силно да работи на зајакнување на образовниот систем, бидејќи, како што нагласи, „само преку знаење се гради праведно, здраво и перспективно општество“.

Тој потенцира дека образованието е темел на развојот на едно силно општество и дека подобрувањето на училишната инфраструктура, како и поддршката на наставниците, е неопходно за да се обезбеди праведен и ефикасен воспитно-образовен процес.

Меџити го посочи Основното училиште „Исмаил Ќемали“ во Чаир како пример каде што се работи сериозно и посветено на подготовките за новата учебна година. „Целта е јасна – обезбедување достојни услови за почеток на наставата, создавање поквалитетна, побезбедна и поудобна средина за секој ученик“, рече тој.

 

Тој им се заблагодари на сите што секојдневно придонесуваат училиштата да бидат места на знаење, еднаквост и напредок, упатувајќи желби за успешна учебна година за сите ученици и наставници.