Ристовски го честита пласманот на македонските одбојкари на Европското првенство

Македонија

Министерот за спорт Борко Ристовски изрази голема гордост за машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија по нивниот пласман на четврто Европско првенство по ред.

Со убедлива победа од 3:0 против Грузија, нашите одбојкари ја потврдија својата вредност и го истакнаа името на Македонија на европската спортска сцена.

„Овој голем подвиг ќе биде награден од Министерството за спорт со три милиони денари за Одбојкарската федерација на Македонија. Вложувањето, упорноста и љубовта кон спортот секогаш носат резултати“, истакна Ристовски.

Министерот ги повика играчите да продолжат да ја носат Македонија гордо на европските терени.