Битола добива нова водоводна мрежа – шест километри нови цевки и приклучоци

Македонија

ЈКП „Водовод“ – Битола е во завршна фаза со проектот за изградба на новата водоводна мрежа на релацијата Битола – Логоварди – Поешево. На терен работат две екипи кои ја финализираат поставката на инсталациите.

Со проектот се предвидува изградба на шест километри нова водоводна мрежа со целосно нови приклучоци за домаќинствата.

„Целта е да се подобри квалитетот и сигурноста на водоснабдувањето за сите корисници во овој регион“, соопштуваат од јавното претпријатие.

Од таму апелираат граѓаните да покажат разбирање и трпение додека траат завршните работи.