Меџити најавува целосна ревитализација на подземната инфраструктура во населбата Гази Баба во Чаир

СКОПЈЕ

Во рамките на проектите за подобрување на инфраструктурата, на улицата 210 во населбата Гази Баба започна изградбата на нов водоводен систем. Овој проект, кој долго време беше барање на локалното население, станува реалност благодарение на инвестицијата обезбедена од Владата.

„Проектот има за цел целосна ревитализација на подземната инфраструктура во овој дел од Чаир. По завршувањето на работите на водоводната мрежа во улицата 210 и нејзините три краци, ќе следува целосно асфалтирање на улиците, што ќе обезбеди почист, побезбеден и функционален амбиент за жителите“, истакна Изет Меџити, првиот вицепремиер и министер за животна средина.

Владата останува посветена на поддршка на општините преку конкретни проекти кои директно влијаат на квалитетот на животот на граѓаните.