Омерагиќ најавува поддршка за младите: Сите клубови добиваат нови фудбалски топки

Македонија

Фудбалската федерација на Македонија започнува нова голема донација за развој на фудбалот низ земјата. Вкупно 72 клубови од Трета МФЛ ќе добијат 1.400 фудбалски топки, додека 140 младински екипи ќе добијат повеќе од 3.000 топки.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, истакна дека целта е да се обезбедат подобри услови за тренинг и натпревари за сите клубови, без разлика во кој ранг на натпреварување учествуваат.

„Во декември продолжуваме со нова донација за младинските тимови како дел од планот за поддршка на младите категории“, нагласи Омерагиќ.