
ЦЕНАТА НА СЛОБОДАТА НА ЗАЕВ: Парите од Еразмус наместо во институти и факултети ги давал за судии и обвинители
Во време на СДС и Димова, парите од Агенцијата Еразмус + завршуваа кај судиите и обвинителите, така Заев си ја купи слободата. 120 илјади евра Европски пари, преку Димова и Агенцијата беа доделени на омилениот судија на Заев и Филипче, Лазар Нанев. Нанев беше човек послушник и спроведувач на насоките од страна на Заев, прогонуваше градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Во знак на благодарност, Заев преку Димова му додели проект во вредност од 120 илјади евра, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што го пренесуваме интегрално.
Да е уште потрагична работата, Нанев конкурирал со невладина организација, која била составена од едно лице, самиот Нанев. Го добил проектот на начин којшто претходно не бил вообичаен, а во тој момент извршувал висока функција во судската власт.
Додека во другите земји, овие пари завршуваа кај еминентни факултети и институти, во Македонија Зоран Заев преку Димова си купуваше судии и обвинители, за кои денес гледаме како ги штитат. Зоран Заев си ја купи слободата преку проекти од Агенцијата Еразмус +.
Затоа довербата во судството е ниска. Затоа што СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, корупција и неспособност. Затоа СДС, Филипче и Заев купуваат судии и обвинители, и ги бираа од нивните тефтери.
До ден денес, ниту еден функционер од мината власт не е под истрага од страна на Јавното обвинителство. Затоа што тие ги купуваа. Тоа време завршува, доаѓа времето на правдата и одговорноста.