
ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и невреме!
Викендов (сабота и недела 16/17 август) во нашата Република Македонија ќе има изолирана попладневна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Поради атмосферски фронт со поладен воздух на висина, во понеделник (18 август) во попладневните часови на повеќе места во нашата Македонија ќе има развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.
Локално пак атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и ќе има појава на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
И во Скопскиот регион, особено во понеделник (18 август) во попладневните часови ќе биде нестабилно, во делови од котлината со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат пониски за 3 до 4 степени во споредба од оние температури кои ги имавме изминатите денови, и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, а во Скопје максималната температура ќе се искачува до околу 33/34 степени.