Уште едно дете се затруло со непозната течност во Куманово!

Македонија

Кумановската болница синоќа пријавила случај на затруено дете во Куманово. Според информации од кумановската полиција станува збор за четиригодишно дете.

– Вчера, во 22.42 часот во СВР Куманово од општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено затруено четиригодишно дете од Куманово, соопшти СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Од болницата соопштуваат дека детето е примено на педијатрија, по извршениот преглед од страна на дежурниот лекар, стабилизирано е и однесено е на клиника во Скопје.

Детето е затруено со консумирање на непозната течност, најверојатно детергент.

Во јули, годинава имаше два случаи на затруени деца со лекови, прво едногодишно бебе од липковското село Отља, а неколку дена подоцна и десетмесечно бебе од Куманово.