
Од утре до 15 септмеври ќе важи мерката „училишна кошничка“
Утре стартува така наречената „училишна кошничка“, со која речиси целиот училишен прибор треба да биде со пониски цени за најмалку 10 % на големо и 15 % во трговијата на мало.
Мерката ќе трае 1 месец, односно до 15 септември, а со неа треба да биде опфатен речиси целиот училишен прибор, како ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, дрвени и мрсни боици, пластелин, теста за моделирање, подлоги, фломастери, маркери, темперни, акрилни и водени бои, четки..
Трговците се задолжени покрај намалената цена да ја објават и старата која важела на 1 јуни, која се зема како базична цена по која ќе се утврдува намалувањето.