Штип доживува ренесанса: Започнува рестраврација на тврдината Исар, Кежовица добива парк со површина од 18.000 метри

Дали Знаете, Македонија

Се зголемува основниот Буџет на Општина Штип со што од септември ќе започнат со реализација шестте најавени капителни проекти во градот. Предвидено е со проширувањето на Буџетот да започне реализиацијата на проектот за реконструкција на Булеварот за влез во Штип од кај населбата Три Чешми. Дополнително ќе се работи на реставрација на тврдината Исар, како и воведување на СКАДА системот со што ќе се мерат загубите на вода во сите населени места во Штип.

„Со ова се зголемува безбедноста во сообраќајот и протокот во сообраќајот, се модернизира влезот на град Штип. Преку проширувањето на Буџетот се планираат средства за рестраврација на тврдината Исар со изградба на три куполи. Трет проект е изградба на СКАДА системот.“ – вели Јодранов.

Предвидено е и реализација на парк Кежовица со вкупна површина од 18 илјади метри квадратни и продолжување на велосипедската пешачката патека. Овде е и поврзувањето на улиците Тодор Коларов и Мирче Ацев, како и изградба на кружен тек

„Целиот овој потег се урбанизира, додавајќи ја и оваа содржина тоа е паркот Кежовица, ќе го уредиме ова место кое претходно било запоставено. Шестиот проект е кружен тек на булеварот Партизанска, пред ЕВН“ – додава Јорданов.

Основниот Буџет се зголемува за 80.386.000 денари, а Буџетот на дотации се зголемува за 9.650.000 денари.