
ФОТО: Комбето на популарниот „Амадеус бенд“ излета од патот и се преврте – сите членови на бендот биле во него
Членовите на бендот Амадеус доживеале сообраќајна несреќа кога нивното комбе се превртело. Членовите на бендот не се повредени, а клавијатуристот Александар Станимировиќ проговори по несреќата.
– Среќата нè следеше вечерва, како што нè следеше сите овие 25 години – напиша Аца и додаде:
– Фала му на Бога што никој од бендот не беше повреден, ајде да продолжиме понатаму.
Под неговата објава имаше коментари во кои исплашени фанови прашуваа за состојбата на музичарите од Амадеус Бенд:
„Фала му на Бога што сè е во ред“, „Дали сите се живи?“, „Ова е ужасно, да живее бендот Амадеус“, беа коментарите.