Руски медиуми: Путин го прими специјалниот прaтеник на САД, Виткоф

Политика, Свет

Ова е петта посета на Виткоф на Русија од почетокот на годината. Последен пат специјалниот пратеник на американскиот лидер пристигна во Москва на 25 април, а пред тоа, на 11 април, беше во Санкт Петербург. Путин се сретна со него двапати.

Светските агенции потсетуваат дека Трамп ѝ даде рок на Русија до петок да се согласи да стави крај на војната во Украина или во спротивно ќе ѝ бидат воведени нови санкции.