
Страотни сцени: Торнадо на плажа носеше се пред себе, туристите спасуваа жива глава (ВИДЕО)
Паника, трчање и слики како од хорор филм го одбележаа неделното попладне во местото Макарезе, мало но популарно летувалиште на северниот брег од Рим, Италија. Туристи и мештани беа снимени како избезумени трчаат по плажата барајќи засолниште од неочекуваниот природен феномен – торнадо.
Огромни бранови се појавија на крајбрежјето, предизвикани од силен ветер кој ги „збриша“ чадорите, а песокот се креваше високо во воздухот. Пешкири насекаде расфрлени, како и сите останати предмети од плажата кои буквално „летаа“ во воздух.
Мал дел од посетителите, и покрај драмата околу нив, останаа да седат на лежалките, набљудувајќи го хаосот што беснее пред нивните очи. Според италијанските медиуми, една жена се здобила со полесни повреди и добила медицинска помош по инцидентот. Снимките од настанот, брзо се проширија на социјалните мрежи.
Италијанските власти издадоа предупредувања за силен дожд и умерени до силни ветрови во неколку региони, додека Европа се соочува со низа екстремни временски појави – од шумски пожари и бури до топлотни бранови кои ги оптоваруваат службите за итни случаи.
#BREAKING #ITALY #ROME #ITALIA #ROMA
🔴 ITALY :📹 A TORNADO SURPRISED SWIMMERS ON THE BEACH AT FREGENE, ON THE ROMAN COAST
August 3#Tornado #Tornade #Tormenta
📹 via Eugenio Landi pic.twitter.com/BevMhNftwW— LW World News 🌍 (@LW_WorldNews) August 3, 2025