
Меџити: Историски чекор за чиста Битола – стартува изградбата на пречистителна станица
Министерот за животна средина и просторно планирање и прв заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, го најави официјалниот почеток на реализацијата на еден од најголемите еколошки проекти во државата – изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Битола.
„Овој проект ќе донесе подобри санитарни услови за жителите, ќе ја заштити реката Драгор, Вардарскиот слив и подземните води, и ќе обезбеди ефикасен третман на урбаните отпадни води за над 110.000 жители“, изјави Меџити.
Проектот опфаќа изградба на пречистителна станица, рехабилитација и надградба на канализационата мрежа и подобрување на целокупната инфраструктура за управување со отпадни води.
Изградбата ќе ја изведуваат четири компании – Лантаниа од Шпанија, Стентон Градба од Македонија и Карканиас од Грција – во временски период од две години. Надзорот на проектот ќе го врши шпанската компанија Ептиса, со договор вреден 1,06 милиони евра за периодот 2025–2028 година.
Проектот е финансиран од Европската Унија, со цел усогласување со европските стандарди и националното законодавство за заштита на животната средина.
Меџити најави дека во најскоро време ќе се склучи и договор за градежни работи за рехабилитација и надградба на канализационата мрежа во Битола, како дел од пошироката стратегија за одржливо урбано управување со водите.