(ИНТЕРВЈУ) Бети Стаменкоска Трајкоска за Радио Лидер: Образованието, младите и семејствата се трите основни столба врз кои треба да ја изградиме Македонија

Македонија

„Секој денар треба да биде насочен кон создавање силна и подготвена младина бидејќи тоа е темелот на успешна и стабилна држава“, вели пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска во ексклузивно интервју за Радио Лидер.

Во интервју за Радио Лидер пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска говореше за Собраниските активности, локалните иницијативи и локалните избори.

Благодарам што издвоивте време за ова интервју, за почеток кажете ни нешто повеќе за вашите ангажмани и активности во Собрание. Кои се вашите главни приоритети во тековниот мандат?

 

Од многуте собраниски активности, како еден од моите приоритети би ја издвоила работата во собраниската комисија за образобание, наука и спорт, каде се борам за унапредување на условите во образованието и поддршка на наставниците, моите драги колеги.

Сметам дека образованието, младите и семејствата се трите основни столба врз кои со посветена работа можеме да ја изградиме иднината на Македонија. Образованието не смее да биде само формално, туку мора да биде квалитетно, достапно и применливо во реалниот живот.

Од тие причини, активно сум вклучена во анализи и носење на законски решенија што се однесуваат на образовните програми, статусот на наставниот кадар, дигитализацијата на наставата и поголема поддршка за учениците и студентите.

Сакам да гледам генерации кои ќе бидат образовани, посветени и сигурни во својата иднина…тука – дома. Младите се нашата највредна сила и токму затоа се залагам за создавање услови тие да останат овде. Тоа значи вистински реформи во високото образование, поддршка за првото вработување, инкубатори за млади претприемачи, но и квалитетни културни и спортски содржини. Треба да им дадеме перспектива и сигурност. Секој денар треба да биде насочен кон создавање силна и подготвена младина бидејќи тоа е темелот на успешна и стабилна држава.

Затоа, ние како политичари мораме да покажеме конкретни резултати и да работиме со таа мисла секој ден, за да ја заслужиме довербата на граѓаните и да изградиме систем што функционира еднакво за сите.

Целото интервју може да го прочитате на Лидер.мк