
Меџити: По пожарите ќе се пошумува секаде каде што е потребно
– Работиме превентивно и стратешки во тој дел. Исто така, со сите напори без разлика чии ингеренции се во моментов заеднички настапуваме за да се изгаснат пожарите, а потоа ве уверувам дека таму каде што е потребно ќе има пошумување, рече Меџити на новинарско прашање, по потпишување договори за набавка на опрема за управување со отпад за општините.